речник контакт

Преживеаните 4 палми заштитени од зимата и студот

Годинава во Велес уште 10 палми завршија на ѓубриште, вкупно 43 од 47 засадени

Петар Печков

Од 47-те палми засадени во Велес, само четири опстанаа. И тие деновиве се заштитени од страна на  ЈКП Дервен. Преостанатите преживеани, сега се обложени со трска  и јутени вреќи на врвот, за да не им наштети зимата и студот.  

По острата зима минатата година, преживеани се само 4 палми, кои во текот изминатата  недела беа  заштитени со обвивка од јута  - изјавија од ЈКП Дервен.  

Пролетва, во месец  мај, од 47-те палми кои беа засадени  во Велес во мај 2015-тата,  надлежните исекоа  33, кои завршија на градската  депонија, но како растителен отпад. Преостанатите 14 во текот на годинава оставени на преживување,  оти дел биле во лоша состојба, им била дадена можност дали ќе преживаат, по што есенва се исечени 10 оти биле исушени.

Така во Велес остана само уште 4 палми. Три се во Паркот на Офицерски и една во Младински.  Според пресметките една палма чинеше 500 евра.  Или деновиве 5  илјади евра отидоа на ѓубриште, или  вкупно 21,5 илјади евра од исушените палми во градов завршија на смет.   

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »