речник контакт

Преку викенд венчавки нема

Децениската традиција младенците да се регистрираат пред свадбата, неколку месеци во Велес не постои.

Петар Печков

Од почетокот на годинава матичарите, откако тие преминаа од МВР во Министерството за правда, не работеле преку викенд, па младите од Велес  кои стапуваат во брак ќе мора да се венчаат преку недела, и тоа вторник или петок. Ваквата состојба наиде на остра реакција кај младенците, кои не се сложуваат не на денот на свадбата, туку некој друг ден да се венчаат. Тоа им ги поскапувало свадбите бидејќи трошоците со ново востановениот режим на работа  се зголемувале.

Не мало изненадување доживеавме кога бевме да договориме термин за  венчавката, а матичарите ни рекоа дека можеме да избереме во вторник или петок, но не сабота или недела, кога беше терминот за свадбата. Бевме решени и ние да платиме „казна“ , како што било претходно, доколку сакаат младите да се венчаат преку викенд, но и тоа го одбија – велат велешките младенци.

Така тие се приморани да ги ангажираат кумот, деверот и останатите сведоци да дојдат во работен ден, преку неделата за да се изврши венчавката. Но тука не завршуваат нивните проблеми, бидејќи тоа им создавало дополнителни трошоци, по чинот на венчавка  да се замина на ручек со гостите кои не биле малку, бидејќи доаѓале и родителите и блиските на младите па така се правела и мини свадба со 20-тина гости.

Венчавката е најзначајниот ден во животот, но нема да бидам облечена во бело во невестински фустан, бидејќи тој е за свадбата, а не бива да го облекувам два пати за неколку дена. Може ќе се оштети, нафлека и нема да биде употреблив за свеченоста, башка треба за склопувањето на граѓанскиот брак и да се дотераме, облечеме специјално за ваков единствен чин, што уште повеќе ја поскапува свадбата - вели невеста која ја минала оваа за неа непријатна епизода од животот, која требало да биде за помнење.  Управата за водење на матичната евиденција е  свесна за проблемите кои се случуваат на терен и превзема мерки за нивно надминување да работат и преку викенд.

Работата на матичарите кои венчаваат е регулирана со Законот за семејство  со кој се определува дека времето на склучувањето на браковите го определува матичарот,поточно денот и часот на венчавката. Што ќе рече дека матичарот согласно неговата професија, но и традиција на венчавање во време на викенд , работи и во овие денови. Дополнителната работа подлежи под  Законот за работни односи, каде треба да се регулираат работни часови и во време на викенд.

Управата за водење на матичните книги, како нова институција е свесна за проблемите на терен и итно подготвува план и инструкции за своите подрачни одделенија, со цел да се надминат проблемите со венчавките за време на викендите и да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните – изјавија од УВМК. Во Струмица и Битола, матичарите доаѓаат на работа  и венчаваат преку викенд, иако за тоа ен земаат пари.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »