речник контакт

Преку конкурс до текстот со кој ќе се отвори новата зграда на велешкиот театар

Најавите се дека тоа ќе се случи во октомври

Петар Печков

Распишан е конкурс за претстава со која ќе биде  отворена новата театарска зграда во Велес. При крајот на годинава таа ќе ги отвори вратите за актерите и публиката. За текстот кој театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе го одигра на овој свечен, за нив и градот  и историски момент, ќе се одлучува преку конкурс,  на кој авторите ќе можат да ги понудат своите текстови, досега необјавувани.   

Проценивме дека најдобра варијанта и најфер е  на овој начин, преку јавен конкурс да се  избере текстот со кој како театар ќе ја одиграме првата претстава во новата зграда.  Оставаме на авторите, според своите вокации, афинитети, според инспирацијата,  да одбере тема која им лежи, сакаат да ја работат – вели Јордан Витанов, директор на театарот од Велес.  

Конкурсот трае 3 месеци и 20 дена, завршува на   20 август а избраниот текст ќе биде познат на 5-ти септември.  Жири комисија ќе ги изврши изборот, а таа ќе биде позната откако ќе заврши конкурсот.  Тие ќе имаат  две седмици да ги прочитаат пријавнете текстови и на почетокот од септември да го објават избраниот автор и текст. Конкурсот е исклучиво за домашен автор, нема тема ,нема ограничување на кои авторите би се упатувале. Тие трудовите треба да ги испраќаат под шифра.

Очекувам дека ако работите одат со ова темпо во изградбата на објектот, се избере текстот, при крајот на октомври би ја одиграле првата претстава во новата зграда – најави Витанов.

За екипирање на актерска екипа неодамна се вработени тројца млади актери Жарко Спасевски, Фаик Мефаилоски и Александар Вељановски а пред нив и   Славица Манаскова и  Марија Стефановска. Така за кратко време  велешкиот театар доби пет млади актери, со што се екипира за новите потреби на куќата.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »