речник контакт

Премиера на филмот „Пресвета Богородице спаси не‘‘

Ова е прв играно – документарен филм посветен на делото на Пресвета Богородица, кој е во продукција на Повардарската епархија. Снимен е по повод 45-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.

Петар Печков



 Во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес во саботата вечер премиерно беше прикажан играно - документарниот филм „Пресвета Богородице спаси не‘‘ на актерката Весна Димитровска.

Ова е прв играно – документарен филм посветен на делото на Пресвета Богородица, кој е во продукција на Повардарската епархија, а е снимен по повод 45-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.

Со самата возвишеност на темата која се обработува ова претставува еден исклучителен настан, не само за Велес туку за цела Македонија. Исто така, ова е предизвик и поттик во иднина што повеќе да се посветува внимание на оваа тема, истакна директорката на Кинотеката на Македонија Мими Ѓоргоска Илиевска.

Актерката Весна Димитровска која е и режисер, и го толкува ликот на мајката Божја, изјави дека оваа ролја ја смета за нејзин најголем подвиг досега.

Да се толкува ликот на Пресвета Богородица преку словото на Великите подвижници е навистина восхитувачки, но кој и друг да го толкува овој лик не верувам дека со нешто би го заслужил тој дар, вклучувајќи се тука и себе си, рече Димитровска.

На присутните гости им се обратија митрополитите Петар и Агатангел и градоначалникот на општина Велес Горан Петров.

Играно-документарниот филм „Пресвета Богородице спаси не‘‘ започна да се снима во август 2009 година токму пред велешката црква „Св. Пантелејмон“. Во него покрај Весна Димитровска играат и актерите Милица Стојановска, Роберт Вељановски, Драган Миладинов, Роберт Ристов и други.

Како што беше најавено, филмот ќе биде прикажан на МТВ, а веќе е даден на титлување на неколку јазици и ќе биде прикажан на фестивали кои ја третираат оваа тематика.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »