речник контакт

Премиера на ,,Медеја,, (фото)

Претставата е дел од дводневниот фестивал ,,Дамите на езерото,, проект на ФАД Стоби, финансиран од ЕУ

Петар Печков

Претставата ,,Медеја,, работена по мотиви на   Еврипид , на текст  од Сашо Димовски и режија  на Ненад Витанов премиерно ќе биде прикажана  сабота во велешки театар. Таа е продукција на ФАД ,,Стоби,,    и е дел од содржини на фестивалот ,,,Дамите на езерото,,  финансиран  од  ЕУ во рамите на меѓу граничната соработка,  македонско  -грчки  проект, заедно со здружението ,,Преспа,,  од Лерин.  

Три месеци  интензивно работевме на претставата. Многу интересна постапка, каде Димовски смести многу  повеќе настани поврзани за митот за Медеја  и Јасон и златното руно, во театарска форма.  Со задоволство констатирам дека имаме  претстава која публиката ќе ја гледа. Улогите на Петрушевска и Дранговски допринесоа за претставата,  и  за мене  после  двојката лејди Магбет и кралот Магбет, тие  дадоа силен печат како  Медеја и Јасон - рече режисерот Ненад Витанов.

Музиката во претставата ќе биде изведена во живо и е комбинација на етно и модерен  звук, авторство на  Сашко Костов. Костимите се на Катерина Чукниева. Претставата ќе се изведе во театарот ,,Јордан  Хаџи Константинов Џинот,, во Велес.  

Во претставата има испитување на границите на човековото битие, на неговата емоционална состојба.   Во неа има испитување на потеклото на ужасот. Мојата Медеја не почнува со нејзиното отуѓување од родниот крај, туку се занимава која е Медеја пред таа да стане жена на Јасон.  Каде почнува приказната за Медеја, претставата  е двојна историја. Дел  од претставата е сместен во сегашност, што зборува за бесмртноста - најави авторот на текстот Димовски.  

Билетите за претставите се бесплатни,  според договорот со финансиерот програмата на ЕУ  и поради големиот интерес ќе  се прикаже два пати петок  и сабота вечер. Следно нејзино прикажување ќе биде на лето на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,.

 Во претставата настапуваат  Габриела Петрушевска како Медеја  и Огнен Дранговски како Јасон и двајцата од Народен театар Битола, Зорица Панчиќ, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасевски, Владимир Тулиев, Талија  Настова. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »