речник контакт

Премиери на комедија и хорор, во Киноверзум Велес

„Уште пооткачен петок“, „Оружја“ и „Гол пиштол“ пред кино публиката во Велес

Петар Печков

Четири филма на репертоарот на Киноверзум Велес, наредните седум дена.  Премиерно два филма, комедија и хорор.
„Уште пооткачен петок“ е комедија со Џими Ли Кертис. Години откако Тес и Ана претрпеа криза на идентитетот, Ана сега има ќерка и наскоро поќерка. Додека се движат низ предизвиците што доаѓаат кога две семејства ќе се спојат, Тес и Ана откриваат дека гром може да удри двапати.

Aмериканскиот хорор „Оружја“  е исто така премиера. Кога сите деца освен едно од истото одделение мистериозно исчезнуваат истата ноќ во исто време, заедницата се прашува кој или што стои зад нивното исчезнување.

Се прикажува и комедијата „Гол пиштол“ со Лијам Несон, успешно навраќање на оригиналот од1988 година со Лесли Нилсен. Филмот е меѓу топ три најгледани изминатиот викенд во светот. 

Четвртиот филм кој се прикажува безмалку три месеци е анимираниот на Дизни Лило и Стич.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »