речник контакт

Преподобен Спиридон Чудотворец, 25 декември

Св. Спиридон направил чудо, кога за да ги демантира еретиците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.Празник на кондураџиите. Именден празнуваат: Спиридон, Спиро...

Петар Печков

На 25 декември Светата православна црква го празнува споменот на Свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните. Многу неверници придобил кон христијанската вера. Умрел во 348 година.

Меѓу народот има повеќе легенди и верувања поврзани со името на Св. Спиридон Чудотворец,  меѓу другото дека бил еснафски празник на кондураџиите, самарџиите и шарлаганџиите.

Легендата раскажува дека Св. Спиридон направил чудо на Никејскиот собор во 325 година кога за да ги демантира еретиците и Ариевците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.

Во Охрид  и Куманово Св. Спиридон е патрон на кондураџискиот еснаф.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »