Петар Печков
Објавено: недела, 15 јули 2018
Преполниот Амфитеатар во младинскиот парк во Велес е доказ за исправната политика која ја води Владата на патот кон ЕУ И НАТО, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев на синоќешниот концерт . Во Велес настапија Слаткаристика и Ферус Мустафов, по поканата за членство во НАТО и добивањето на датум за преговори со ЕУ. Меѓу Анѓушев к одговарајќи на новинарско прашање кажа која е цената на овој проект на Владата.
Цената на чинење е колку две театарски премиери, но далеку помалку од еден споменик од Скопје 2018. А во главниот град никнаа многу споменици. Многу ми е драго што народот ја прифана ова прослава и политиката на Владата, масовно излезе да покаже дека сака да биде дел до Европа и светот. Со влезот во НАТО ќе се обезбеди поголема сигурност на инвеститорите и поголеми перспективи. Од областа на економијата малите и средни претпријатија добиваат поголем пазар, полесен пристап до европските грантови. Подобриот живот нема да дојде преку ноќ, но по 25 години чекање и тапкање во место време беше да тргне напред. Македонија не заслужува да биде последната црна дупка на Балканот - изјави Анѓушев.
Тој потсети на успесите на соседите Албанија, Бугарија, Романија кои по членството во НАТО и ЕУ со крупни чекори одат напред. Прашан како Владата размислува да го спречи одливот на работната сила од земјава, со отворањето на границите, што се случува и сега а да не се повтори случајот со Хрватска, Романија и Бугарија по нивниот велз во ЕУ и НАТО, вицепремиерот за економски прашање кажа:
Тоа за жал се случува и денес, со вадење на пасоши од соседни земји. Но повеќе никој нема да има потреба да вади пасош од друга земја. Мобилноста на работната рака е нешто, што никој не може да го спречи во 21 век .Еден дел можеби ќе решат дека е надвор подобро да живеат, ние тоа не можеме да го спречиме, но можеме да создадеме подобри услови да останат тука. Не е начинот да се работи за 150-200 евра и да сметаме дека така сме ги вработиле, проблемот не е решен - додаде Анѓушев.
Tweet |