речник контакт

Пресврт во случајот нарачано убиство во Ореше

Американците нема да го испорачаат обвинетиот нарачател Петровски, додека Апелација го врати на повторно судење предметот за извршителите, браќата Георгиевски.

Петар Печков

Ѓоре Петровски, македонец кој 15-тина години живее на Флорида САД, нема да биде испорачан на македонските правосудни органи, така реши американското судство а судскиот процес против браќата Георгиевски се враќа на повторно судење.

Ова е новиот развој на настаните во случајот ,, убиството во село Ореше,, каде како нарачател е посочен Петровски, а како извршители Ордан и Љупчо Георгивски.  По Петровски МВР имаше  распишано меѓународна потерница и бараше од САД да биде екстрадиран во Македонија. Во Министерството за правда немаат потврда дека барањето за екстрадиција е отфрлено.

Мојот американски колега адвокатот Карлос  ме информираше дека на рочиштето одржано во март барањето за испорака на Ѓоре Петровски, обвинет дека е нарачател на убиство во Македонија, американците го отфрлиле, а во тек е процедурата за добивање на зелена карта и регулиран престој во САД – изјави неговиот бранител  Коста Нојков.

Петровски бил префрлен во камп бегалци каде ќе престојува се додека не биде регулиран неговиот престој во САД. Ваквата одлука за неиспорачување на Македонија, американците ја образложиле со текот на парите  кој Петровски ги имал во САД за сите 13 години додека таму живеел. Тие од трансакциите на пари и од приливот на средства што ги има обвинетиот, не можеле да констатираат дека сумата од 30 до 50 илјади долари, со која се товари дека ги платил најмените убијци, пристигнала во Македонија или дека имал толку пари имал како приход.

Петровски во екстрадиционен притвор беше од јануари минатата година, неговата сопруга Виолета тврдеше дека сам се пријавил со цел да дојде во Македонија и ја докаже неговата невиност.  Тој претходно во изјава за ,,Дневник,, тврдеше дека е невин и не го порачал убиството на Милошевски. Бидејќи не беше достапен на македонските правосудни органи на Петровски не му се судеше во  оваа постапката, но обвинението против него останува и него најверојатно ќе му се суди во отсуство.

Според обвинението Петровски сакал да му се одмазди на убиениот старец, бидејќи сметал дека тој пред неколку години пукал во него и го ранил. За ова Петровски ги најмил браќата Ордан и Љупчо Георгиевски кои за сума помеѓу 30 и 50 илјади долари го извршиле убиството на 2-ри декември 2005-та година во 20,45 часот, додека Лазо Милошевски ( 71 год) подготвувал вечера во неговиот дом. За тоа тие добија по 12 години затвор, пресуда која деновиве Апелација ја укина. Прифатена е жалбата на бранителите и случајот се враќа на повторно судење, пишува во писмената одлука со која се продолжува притворот, но сеуште не е прецизирано зошто пресудата е укината.

  Ова е очекуван развој на случајот, бидејќи материјален доказ немаше а пресудата се темели на заштитен сведок со сомнително досие. Тој и не го видел чинот туку прераскажува што слушнал – изјави адвокатот Коста Нојков. Пресудата за вината на браќата Георгиевски се темели на изјавата на заштитениот сведок,,Бреза,,  кога од него било побарано дента спроти убиството да отиде во шталата на селскиот продавач Тоде и оттаму да ја земе автоматската пушка, која потоа требало да им ја предаде на Љупчо и Ордан. Тој се премислил и не го сторил.

Имало и трето барање за „Бреза“, откако претходно Петровски до САД барал тој да го убиел Милошевски,  да отиде и ја земе рамката од пушката со која е пукано, а  истата била фрлена во некој дол во околната шума, тешко достапно место што му било познато само на тој што го извршил убиството. Таа  е пронајдена откако ,,Бреза,, посочил каде се наоѓа. Останува во Основниот суд во Велес да се закаже терминот за повторното судење.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »