речник контакт

Пресуда за сквернавење гробишта

На Фатмир Мемедовски (26 год) од Велес во Основниот суд му е изречена казна затвор, затоа што на крајот од минатата година сквернавел 15 гробни места, крадејќи ја металната ограда и врати.

Петар Печков

На Фатмир Мемедовски (26 год) од Велес во Основниот суд му е изречена казна затвор, затоа што на крајот од минатата година сквернавел 15 гробни места, крадејќи ја металната ограда и врати.

За ова кривично дело тој доби три месеци затвор. При ова тој за украдени  200 кг железо заработил две илјади денари, за колку што пари го продал во Откупен пукнт,  иако причинетата материјална штета според сопствениците на гробните места е 100 илјади денари.

Велешката полиција ги откри сторителите на два вакви вандалски чина кои биле сторени во претходниот период и против нив поднесе кривични пријави за сквернавење.

Против А.З. (28 год) и А.М (31 год) јавното обвинителство веќе отворило истрага, бидејќи тие заедно украле и уништиле 27 гробни места, со тоа што З.А. делото го сторил на големиот верски празник Прочка. 

Гробиштата на велешката црвка „Св.Спас“ се цел на грабежи и уништување, се жалат граѓаните. Во неколку  одвоени грабежи оштетени се повеќе од 30 гробни парцели и во исто толку случаи украдена е комплетната железарија, ограда, кандила, свеќници.

Граѓаните се револтирани на овие случувања и бараат црквата и ЈКП Дервен, кои стопанисува со гробиштата да се спречи вандализмот.

- Не ги оставаат мртвите на мира, се нема ни малку почит. Срамота. На што личи ова гробните места да се уништуваат. Потребно е итно  да се воведе чуварска служба, како што е во Скопје - вели Илија Николов, кој доаѓа на вечното почивалиште од неговата сопруга.

Црквата и претставниците од ЈКП Дервен се согласуваат дека  е потребна служба која ќе работи 24 часа на ден, но за тоа се потребни пари и начин како службата ќе се финансира и функционира. Но тие очекуваат дека по владината одлука за забрана за откуп на старо железо, дека сквернавењето на гробните места да престане.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »