речник контакт

Претседателот на ФК Борец Пепелашева казнета два месеци надвор од фудбалот

Таа оваа казна ја оквалификува оти како жена се спротивставила на судиите и Федерацијата

Петар Печков

Казна со забрана за вршење на секаква функција во фудбалскиот спорт во траење од два месеци доби  претседателот на Ф.К.Борец 2009 од Велес, Олгица Мојсова Пепелашева.

Оваа казна и е изречена поради неспортско однесување, вербални навреди и закани кон службените лица како и употреба на погрдни зборови упатени кон ФФМ на натпреварот помеѓу Ф.К.Борец – Ф.К.11 Октомври во рамките од 21. коло втора МФЛ одигран на ден 29.март на стадионот во Велес.

Пепелашева демантира дека такво нешто изјавила на било кое службено лице присутно на натпреварот.  Таа вели како жена не и доликуваат такви зборови а  одлука ја нарече казна заради нејзиниот отпор  кон судиите и Федерацијата, оти фудбалот во Македонија се  играл само за нив.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »