речник контакт

Претседателскиот кандидат Река се промовираше во Велес

Имаше средба со жителите на Велес а беше во посета и на Горно и Долно Јаболчиште

Петар Печков

Кандидатот за претседател Блерим Река вчера попладне  ја продолжи неговата кампања. На единаесеттиот ден од кампањата, независниот претседателски кандидат, Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА се сретна со граѓаните на Велес на кои им ја престави неговата програма и концепти. Професорот Река  беше во посета  на  Велес, а подоцна  имаше средби со жителите на селата Горно и Долно Јаболчиште.

На средбите станало збор за корупцијата, непотизмот и организираниот криминал, како главна причина за губење на довербата на граѓаните и главна причина за масовно иселување од државата.

Само владеењето на правото во една вистинска Република ќе го искорени управувањето на олигарсите и ќе го врати владеењето засновано на отчетност. Судбината на овој народ не може да остане заложник на поединецот, или било коj да е тој, истакна Река.

Не дозволувајте да ве убедат дека дури и по 30 години не треба да гласате за себе. На 21-ви април бидете свои. Не дозволувајте со вашиот глас да ја протерате и последната идеалистичка младина. Сведочете дека не го прифаќате концептот на статистичка нација. Покажете дека не сте само гласачи туку и гласани, рече Река.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »