Петар Печков
Објавено: вторник, 05 септември 2023
Со изведбата на претставата “Татко” од Флоријан Зелер, во режија на Ненад Витанов, на 8 септември, петок вечер, велешкиот театар „Јордан Хаџи Константниов Џинот“ ќе го отвори годинашното издание на фестивалот на актерски остварувања, „Ристо Шишков“ во Струмица.На програмата се осум претстави.
Во претставата „Татко“ настапуваат Јордан Витанов, Маја Љутков, Жарко Спасовски, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов и Симона Димковска.
Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска.
Tweet |