речник контакт

Приведени четворица од сторителите на нападот на полицајците

Поголема група лица од прилепско биле фатени како на дело сечат и превезуваат нелегално дрва

Петар Печков

СВР Велес доцна вечерва, излезе со информација са вечерашниот инцидент, кога дрвокрадци од прилепско, нападнале патрола на полицијата.

Околу 20 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени  четири  лица - соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.  

Полицијата  работи на расчистување на случајот. 

Двајца од полицајците кои биле во патролата,  се потешко повредени, едниот од нив има повреда на череп и е итно префлен на Ургентен во Скопје, вториот полицаце е со рана на стомакот и е во шок соба. Трите други полицајци, од ПС Чашка, кои биле во патролата, според портпаролот на велешка Болница имаа полесни телесни повреди. 

 фото архива

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »