речник контакт

Привршува натпреварувачката 2018-та на спортски план

Победа за КМФ Велес и кошаркарите, порази за КМФ Гемиџии, ракометарите и одбојкарите

Петар Печков

Победа и пораз за двете велешки футсал екипи во Првата лига, во последното есенско коло.

Шампионот КМФ Велес победи во Кратово против истоимената екипа со 3:15 (2:5) која е последна   и   се  зацврсти на втората позиција со 35 или  4 бода помалку од лидерот КМФ Шкупи. Вториот лигаш КМФ Гемиџии 903 продолжува со серијата порази, овој пат дома загуби од  штипски КМФ Астибо  кој е третопласиран со 2:3 (2:3) а сите голови беа постигнати во првите 20 минути.  По ова 14 коло КМФ Гемиџии се осми со 12 бодови., Првенството продолжува по зимската пауза.  

 Во првата одбојкарска лига ГОК Борец загуби со максимални 3:0 (13,16,6) од Скопски вардар кој е третопласиран, велешани остануваат претпоследни од 10 екипи со една победа. Во последното есенско коло, викендов дома играат против ОК Јанта волеј кој   е седми со три победи.

Ракометарите на ГРК Борец играа два натпревари изминатите денови. Во Охрид заостанатиот од 11-тото коло, и загубија од второпласираната екипа  со  43:29(22:10)  а викендов гостуваа на РК Пролет  во Скопје и загубија со 42:26 (18:11). По 14 кола младата велешка екипа, која се судрува соа финансиски проблеми е последна 10-тља  без освоен бод. Првенството продолжува по зимската пауза.  

Кошаркарите на КК Борец баскет гостуваа во 10-тото коло во Крива Паланка, на истоимената екипа и победија со  59:76. Домаќините кои имаат само една победа беа лесен противник за велешани каде најефикасен беше Виларов со 28 поени  од кои 6 тројки. Со ова КК Борец баскет го заврши есенскиот дел моментално е лидер, но доста екипи во оваа конкуренција имаат помал број средби а следниот викенд се игра последното коло, велешани се слободни.  

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »