речник контакт

Признанија за Мицевска и Минова

Републички признанија за медицинска сестра и за акушерка, за нивната 38 годишна посветена работа

Петар Печков

Републички пофалници, признанија за нивната работа, вложениот труд, на Неделата на сестринството добија велешанките Ленче Мицевска -медицинска сестра од детска превентива при  ЈЗУ Здравствен дом и акушерката Снежана Минова од ЈЗУ Општа Болница Велес.  И двете имаат идентичен стаж по 38 години работа и двете работата со најмладите, децата и бебињата.  

Овие раце помогнале да дојдат на свет многу, многу генерации бебиња. Наградата  секој ја посакува, таа е вреднување на досегашната работа и се чувствувам многу среќна. Многу е убаво чувството, кога по улица ќе ме сретнат и ќе речат добар ден сестро.   Сега некои се баби кои сум ги породила на моите почетоци во 80-тите, дочекав и нивните деца да ги породувам - рече  Снежана Минова акушерка при акушерското одделение при ЗЈУ Општа Болница Велес. 

Работан на имунизација на деца до шест годишна возраст. Секоја работа треба да се работи со љубов, искреност, посветеност.  Работам одговорна работа,вакцинирам деца,  да ги заштитиме за цел живот, делам совети.  Наградата е резултат на вложениот труд, за сите години наназад, минале многу генерации. тоа се успешно вакцинирани деца. Вакцинираме деца на деца и ние сме тие што сме помогнале да бидат здрави  - кажа  Ленче Мицеска медицинска сестра во детски диспанзер- превентива при  ЈЗУ Здравствен дом Велес.  

Годинава 5-ти мај ден на акушерките и 12 мај ден на медицинските сестри и техничари  имаат свое мото  ,,Глас што води, здравје за сите, достапни 24/7, од раѓање до смрт,, .   За акушерките  е ,,бранители на  женските права,, а на медицинските сестри и техничари е  ,, темел на квалитетна, достапна и пристапна нега, спасуваат животи и го подобруваат здравјето и добросостојбата,,.   

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »