речник контакт

Признанија за најхуманите, крводарителите

17 март ден на крводарителството. Велешките крводарители трети во Македонија

Петар Печков

Господ да биде благонаклон кон Вас, како Вие крводарителите што сте кон другите. Со овие зборови д-р Милчо Трајков претседател на ОО на Црвениот крст на Македонија им се заблагодари на армијата крводарители од Општините Велес, Градско и Чашка а во пресрет на 17-ти март, Денот на крводарителите.  Дел од нив на свеченост добија и признанија. 

Резултатите во крводарителството се резултат на волонтерите и волонтерството. Нив еве јавно им се заблагодарувам. Многу е важно да мобилизираме се повеќе и повеќе млади луѓе.  Има граѓани  од Општина Велес, но и соседните чашка и Градско ја покажале во пракса својата хуманост. Без нив ни не би биле така високо во Македонија – порача д-р Трајков.  

За 100 пати крводарување признанија добија  Никола Цековски, Ѓорѓи Митов и Томе Андов. За 75 пати  благодарница доби Весна Петрушевска а за 50 пати дарувана крв Илија Митрев, Божо Димовски, Сокол Кочов и Петар Сарагинов.    Благодарници добија и ЈЗУ Општа Болница Велес,   Хемиското училиште Димитрија Чупоски, Населба Чашка и Валентина Шкрекова.  

Во текот на 2016 година собрани се вкупно 4044 крвни единици со што годишниот план од 1861 крвни единици е остварен со 217,30%. На терен се изведени вкупно 29 акции за доброволно дарување крв на кои се собрани  1237 крвни единици, додека преостанатите 2807 дарувања се собрани во одделението за трансфузиона медицина во Велес од самоиницијативни дарувања на доброволни крводарители.

Од собраните 4044 крвни единици 685 се од крводарители жени додека 511 се од дарители кои прв пат дарувале во својот живот.  Во споредба со претходната 2015 година собрани се 333 крвни единици помалку. Според собраните крвни единци Велес е на трето место после Општина Центар Скопје и Свети Николе. Лани најбројна била летната крводарителска акација кога беа собрани 198 крвни единици за два дена.   

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »