речник контакт

Признанија за читателите на велешка библиотека (фото)

Велешката библиотека Гоце Делчев на најредовните читатели им додели признанија. Приредена и изложба со портрети на Гоце Делчев, дело на Ангел Петров

Петар Печков

По повод патрониот празник, годишнината од смртта на Гоце Делчев, велешката библиотека на најредовните  читатели им додели  признанија. Нив ги добија и најмладиот и највозрасниот читател. На овој начин локалната библиотека  им се заблагодарува на нејзините  членови,  во одделот за возрасни и  во одделот за детска литература.

Благодарници за редовноста  од одделот за возрасни  добија  Панче Зафиров, Савка Андонова и  Фотија Поп Златанова.  Признанија за минатата година во одделот за деца, како  најчитатели  се  Петар Наумовски,   Даниела Иванова и Ива Андоновска.

Најмлад  читател е седумгодишниот  Иван  Ѓошев  а со 86 години како највозрасен е Марија Ивановска.  На Иван  кој учи во прво одделение во ОУ  Св. Кирил и Методиј , во библиотеката доаѓа една година и омилени и се ,,Зоки поки, ,,Јованче и Марика,, и сите книги за Марика. 

Освен што како наставник по македонски јазик имам потреба да читам,  јас уште од млади години сум љубител на книгата. Додека работев, имав повеќе обврски, не сум можела толку да се предадам на читањето, сега како пензионерка не пропушам можност. Тоа ми е душевна храна. Читам се, бидејќи во секоја книга - рече Марија Ивановска. Таа работела како наставник во селата околу Велес, за да од 1969-та е во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот и каде се пензионирала.  

 Меѓу најредовните читатели беше и Савка Андонова. 

 Народски кажано со книга легнувам, со книга станувам. Тоа е мое хоби и релаксација. Ја читам откако ќе ги завршам домашните обврски. Од дете до днес читам, без книга не можам. Читам романи со љубовна тематика, социјални теми, животни приказни - рече Савка.  

Во чест на патронот на библиотеката ,,Гоце Делчев,, фондацијата ,,Ангел Петров,, изложи 17 портрети на револуционерот. 

Овие портрети се дел од една долгогодишна студија, создавана 50 години.  Започнати се од 70-тите години на минатиот век. Работени се во пастел, масло, акрил, молив и комбинирана техника. Делчев нема оставено зад себе многу фотографии, така што од неколкуте Петров ги има изработено овие портрети  - рече Светлана Петрова, директорка на Фондацијата. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »