речник контакт

Принудниот распуст за учениците од велешко продолжува

Општината и првите три дена од следната седмица ги прогласи за неработни

Петар Печков

Седумипол илјади ученици, основни и средношколци од велешко нема да посетуваат настава и во понеделник, вторник и среда.  Причина за оваа одлука се екстремно ниските температури и најавата на нови снежни врнежи,по што  прекинот на наставата продолжува. Наставата ќе продолжи редовно да се одвива од 16-ти февруари (четврток).

Доколку временските услови наложат продолжување на прекинот на наставата, општинските власти ќе информираат благовремено. Изгубените часови ќе бидат надоместени во договор со Министерството за образование и наука. Во велешките средни училишта настава посетуваат и ученици од соседните општини Лозово, Градско и Чашка. Од општина Чашка илјада основци од Богомила, Чашка и Горно јаболчиште нема да одат на училиште и в понеделник.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »