речник контакт

Приодот кон Езеро Младост за годинава остана најава

Изградба на приоден пат е реакција од жителите од Месните заедници Сујаклари, Мамутчево,Новачани, Отовица, како и од Регионалната Про Кредит Академија, Хотелот Романтик, мотелот На Велешко, Бродот Панини, сопствениците на насадите со лозја М-шест и Шапо сопот

Петар Печков

   На почетокот од годинава, ЈП за државни  патишта најави дека езерото Младост ќе биде поврзано со автопатот Велес - Скопје. И тоа до почетокот на туристичката сезона.  Но надежите на туристички работници дека дел од гостите кои минуваат покрај Велес, ќе останат  покрај езерото летово пропаднаа. Ниту започна ниту се гради  приодниот пат до него.  Од ЈП за државни патишта објаснија зошто работите не започнаа иако беа најавени 

Од страна на ЈП за државни патишта изработена е техничката документација за трајна измена на режим на сообраќај за  приклучок од автопатската делница Велес-Скопје до локалниот пат до езерото Младост. Истата е во постапка на добивање на одобрение - изјавија од ЈП. Според најавите од  почетокот на годинава, освен што ќе беше изграден приоден пат, требаше да се асфалтира и приодниот од патниот правец на автопатот Скопје - Велес.  Во месец март, беше најавено дека наскоро ќе започнат работите и до почетокот на сезоната да бидат завршени. 

На овој начин  ќе беше премостен недостатокот на врска од автопатот кон езерото, кое е на дофат на илјадниците туристи, но не е достапно. Туристите  не можеа да го посетат, оти немаше приклучок, можеа само да го видат  и да  продолжат кон граница. Така само ќе минеа покрај него а со тоа и можноста за дополнителен економски ќар и за хотелиерите покрај езерото, но  и за државата

Изградба  на приоден пат   беше реакција  од повеќе субјекти,жителите од Месните заедници  Сујаклари, Мамутчево,Новачани, Отовица, како и  од Регионалната Про Кредит Академија, Хотелот Романтик, мотелот На Велешко, Бродот Панини, сопствениците на насадите со лозја М-шест и  Шапо сопот,  кои тоа писмено го бараа  од Министерството за транспорт и од ЈП за државни патишта. 

Во тек е изработка на техничко решение за трајна измена на режим на сообраќај за приклучок од автопатот Велес - Скопје со локалниот пат до езерото Младост. Во завршна фаза  е изработката на проектната документација и подготовката за отпочнување на  градежните работи. Очекуваме градежните активности да завршат во првата половина на оваа година - изјавија пред половина година од ЈП за државни патишта.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »