речник контакт

Притворен екс заштитениот сведок Бреза - Златко Арсовски

Судењето е закажано за 26 ноември, другите две каде тој е сведок на 28 ноември и 1 декември. Бреза уапсен во домот, не давал отпор

Петар Печков

Средата попладне македонската полиција го уапсила Златко Арсовски, на јавноста познат како екс заштитениот сведок Бреза,,. Тој се бараше од Основен суд  Велес, да биде притворен, бидејќи осум месеци на доаѓаше на главна расправа, каде  е обвинет  за кривично дело,, лажно сведочење,,.  

Во текот на средата попладне, Основниот суд од Велес и известен дека Златко Арсовски е лишен од слобода. На тој начин е постапено по решението на велешкиот суд, со кој Арсовски се бара заради присуство на главна расправа, каде  тој е обвинет. Тој се наоѓа во Затвор Скопје – Скопје, каде ја издржува мерката притвор.   Веќе е закажана и главната расправа по овој  предмет за 26 ноември – рече судијката Габриела Гајдова, портпарол на Основен суд Велес..

Закажани и двете други  рочишта, каде тој, Арсовски се јавува како обвинет, во случајот со лажното сведочење, но и како сведок за  други две кривични дела ,,убиството во Ореше,, и ,,запалената амбуланта во Ореше,,. за 28 ноември и 1-ви декември.

Доколку Арсовски остане во притвор по предметот за кој се бара ,,лажно сведочење,,  правниците толкуваа дека тогаш се бара согласност од судијата по предметот каде се бараше притвор,  тој да биде доведен во Основен суд  Велес. Доколку биде пуштен од притвор по одржувањето на главната расправа по овој предмет, тогаш на сила  се наредбата  за присилно доведување за двата останати дела, каде тој подолго време се бара како сведок.

 Од МВР информираа  тие постапиле по барање на Основен суд Велес, дека Златко Арсовски бил лоциран во неговиот дом во скопската  населба Лисиче.  При доаѓањето на полицијата тој не   давал отпор, бил приведен  во ПС Драчево и однесен во Затвор Скопје - Скопје. Арсовски бил уапсен во 16ч.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »