речник контакт

Притвор за велешанка која за пет дена сторила повеќе инциденти, го нападнала татка си, натепала дете, се заканувала на неговата мајка и каменувала автомобили

Ф.С. (24 год) повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста, Насилство врз дете, Предизвикување општа опасност

Петар Печков

Велешанката Ф.С. (24 год) доби мерка притвор откако  изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144, Насилство врз дете од член 201-а, како и Предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот законик. 

„Делата ги извршила последователно  така што најпрво на 10.02 при вршење семејно насилство му се заканила на сопствениот татко дека ќе го убие. Влегла во неговиот дом кршејќи ја вратата, па кога не го нашла, се упатила кон автобуското стојалиште каде го затекнала оштетениот и му упатила отворени закани со намера да го вознемири и да го заплаши. На 12.02 осомничена е дека извршила физичко насилство врз дете родено 2011 година, така што најнапред започнала вербална расправија, а потоа детето го удрила со нога во стомакот. Нешто подоцна истиот ден се појавила пред домот на оштетените со стап во раката и им се заканила на девојчето и нејзината мајка дека ќе ги убие, со што кај нив предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв. Исто така, на 14.02 го забележала девојчето во дворот на семејната куќа и  започнала да фрла камења кон оштетената. Девојчето побегнало, а осомничената продолжила да фрла камења кон паркинг простор каде имало паркирани возила и ученици кои чекале превоз. На тој начин предизвикала значителна опасност за животот и телото на присутните и оштетила два автомобила“ – соопштија од ОЈО Велес. 

Бидејќи  постоеле околности кои укажуваат дека осомниченатаФ.С.  би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и поради опасноста да ги повтори кривичните дела или да ги изврши делата со кои се заканува и кои вклучуваат противправни дејствија и закани кон 13-годишно девојче, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот на обвинителството и ја определи притворската мерка за осомничената.

СВР Велес претходно информираше за пријавите против Ф.С.  На 10.02.2025 ја оштетила влезната врата и одзела пари и други предмети од домот на нејзиниот 56 - годишен татко, по што и му се заканила.   На 12.02.2025  на улица „Благој Ѓорев“ во Велес физички ја нападнала малолетната ќерка на О.Т. за подоцна   во дворот на 48-годишната О.Т. од Велес  да фрла тврди предмети и ѝ се заканувала нејзе и на нејзиното семејство со остар и дрвен предмет.  На 14.02.2025 кон дворот на 48-годишната О.Т., каде во моментот се наоѓала  нејзината малолетната ќерка фрлала тврди предмети, при што оштетила неколку возила што биле паркирани на улицата пред нивниот дом. 

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »