речник контакт

Притвор за дрвокрадецот кој со камион удри полицаец

Од СВР доби две кривични а шумска подготвува нови против Н.А. од Бузалково

Петар Печков

 На  Н.А. (43 год) од велешкото село Бузалково му е изречен притвор од еден месец поради можноста д а избега, влијае на сведоците и го повтори кривичното дело.  

Против него СВР Велес поднесе две кривични пријави за предизвикување општа опасност и напад на службено лице. По ова основен јавен обвинител побарал а судија во  претходна постапка  од Основен суд Велес му изрекол мерка притвор.

Но Н.А. ќе се соочи и со кривична пријава од Шумската полиција Велес кој против него подготвува за ,,пустошење на шуми,, откако беше фатен со нелегално исечени дрвја, кои се обидел да ги продаде во Горно Оризари.

Тогаш бил откриен од велешки полицајци, кои се обиделе да го сопрат и легитимираат. Но осомничениот со камионот стартувал, побегнал удрил во комбајн, срушил бандера, па полицајците пукале во гумите и така го спреле.

При тоа Н.А. со камионот удрил во  полицаец и го  повредил, по  што бил  пренесен во Болница пуштен на домашно лекување.   Инцидентот се случи во ноќта четврток кон петок, во 1 часот по полноќ.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »