речник контакт

Притвор за педофил од Пирава

Извршил ,,полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години,, па во Основен суд Велес му е изречена мерка притвор

Петар Печков

МВР во текот на вчерашниот  ден информираше за настан кој е регистриран на подрачјето на ПС Валандово. 

,,41 годишна жителка од Валандово пријавила дека  55-годишен маж од село Пирава, во повеќе наврати во период од еден месец, извршил  полови дејствија врз нејзината осумгодишна ќерка.  И втората ќерка на пријавителката, 15- годишна малолетничка, им раскажала на родителите дека истото лице  во неколку наврати се обидел истото да и го направи и на неа, но таа успеала да избега,, 

Основното Јавно обвинителство Велес започнала истрага за овој  случај, кој го квалификувала како кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години

Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното дете. Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете.

Ценејќи дека се работи за особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

На лицето му е  одредена мерка притвор во трење од 30 дена. 

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »