речник контакт

Проблем со кучињата – скитници

Во изминатиот перод до Општина Велес беа проследени бројни реакции за присуство на кучиња-скитници, од кои дел претставуваат сериозна опасност за граѓаните, а особено за децата.

Аница Солева

Со цел да се подобри безбедноста на граѓаните од кучињата-скитници и да се овозможи нивен стручен надзор и третман, Советот на Општина Велес изврши измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина и одвои 200.000,00 ден. за оваа намена. Ветеринарна станица – Велес е ангажирана да спроведе стручен третман на кучињата-скитници - фаќање, згрижување, третирање, обележување и пуштање на кучињата-скитници во урбаната средина. Целокупната постапка ќе ги опфати следниве активности: - Стручна комисија составена од тројца доктори на ветерина и комуналниот инспектор од Општина Велес ќе одредува на кои кучиња ќе биде извршена еутаназија, а на кои третман; - Третманот ќе опфати: вакцинација против беснило, дехелментизација против цревни паразити, стерилизација, тродневен постоперативен третман, обележување и регистрирање на третираните кучиња-скитници; - На заболените и опасни по околина скитници ќе им биде извршена еутаназија со инектирање на регистриран препарат од Ветеринарна управа на РМ; - Секое третирано куче ќе биде обележано што ќе биде сигурен доказ дека кучето-скитник е третирано и не е опасно по животот и здравјето на граѓаните; - На граѓаните ќе им биде понудена можност да згрижат скитник, а останатите соодветно третирани кучиња-скитници ќе бидат ослободени. Општина Велес упатува апел до граѓаните да ги пријават локациите каде се забележуваат кучиња-скитници во Секторот за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина во Општина Велес. Извор: [url=www.veles.gov.mk]www.veles.gov.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »