речник контакт

Пробното производство во Киро Ќучук почнува во мај месец

Со новата технологија, ќе ce прозиведуваат високо квалитетни цигли

Петар Печков

Надминати се проблемите со  кои  новиот сопственик на велешката тулана  Киро Ќучук,, турската компанија со мешовит македонски капитал  Еуро Брик, се судри во  подготвителниот период. Оштетени погони, проблеми со електро напојувањето  биле  тие што го одолговлекоа најавениот рестарт, за месец февруари.  

Проценките се дека дури 80 отсто од опремата била уништена и во мошне лоша состојба. За да може да започне првиот погон  за производство на блок греди  да работи биле потребни  до 2 милиони евра инвестиција. 

Дојдовме да го рестартираме погонот, без оглед на проблемите кои ги затекнавме  и кои се појавија во меѓувреме. Сега се е  решено  останаа финалните активности за реактивирање на производството-  изјави  Абдурамим Бајрактар  македонски безисмен и еден од сопствениците на Еуро Брик Киро Ќучук.  

Останатите двајца се   Васиф Улучлар и Ибрахим Сенем   од Истанбул. Сите тројца имаа допирни точки со градежништвото, но немале искуство со изработка на градежен материјал. Тие ја купија фабриката за 1,1 милион евра  на јавен повик кога понудија најдобра цена од другите двајца учесници на е- продажбата.

Активностите за рестар во Киро Ќучул се во тек. Очекуваме доа крајот на месецов  компелтно да биде репариран погонот за производство на тули.  Нашите планови се дека на почеток на мај ќе почнеме со  пробно производство. Инвестиравме во технологијата и очекуваме поголемо  произвдоство, отколку што претходно цигланата  нудеше. Ќе бидеме добар бренд, ист каков  што беше Киро Ќучук токму со новата технологија, ќе  прозиведуваме високо квалитетни цигли - најави Бајрактар.

Тековно за репарирање и рестарт  на фабриката биле ангажирани 50-тина вработени.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »