речник контакт

Пробно светнаа новите светилки на главната градска улица

Првите впечатоци поволни

Петар Печков

Веќе една седмица светат новите канделабри кои се поставени на улицата 8-ми Септември од Пошта до јаворите на Сармаале.  Тие се високи 8 метри и со штедливите светилки ги осветлуваат и тротоарите и коловозот. Ова е пробно осветлување, пред да се инсталираат и останатите  кои се поставуваат на оваа улица  до Стара аптека.

Првите впечатоци од новите светилки се поволни.  На оваа улица се поставени или ќе се постават вкупно 22 канделабри, сите од десната страна, додека тие од левата остануваат.  Висечките светилки кои беа дел од главната градска улица повеќе не функционираат и се очекува тие да се отстранат.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »