речник контакт

Прогласени најдобрите фотографии од конкурсот Разгледница од моето место

Организатор беше средното ,,Коле Неделковски,, а учествувале 250 фотографии

Петар Печков

 

Конкурсот за уметничка фотографија на тема „„Разгледница од моето место“ е дел од   активности за одбележување на 50 годишниот јубилеј на ССОУ ,,Коле Неделковски" од Велес . Вкупно на  конкурсот  биле пристигнати 250 фотографии од училиштата во градот, Вардарскиот регион и од Полска.

 

Доделени беа 9 награди, по три во секоја од следните категории : Помлади учесници (1-во до 5-то одделение), учесници основци од (6-то до 9-то одделение) и категорија средношколци (1-ва до 4-та година). За најуспешни се прогласени следните учесници:

 

Категорија на помлади учесници

1. Мартин Ѓеорѓиев 2-а , ООУ ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот" од Велес,

  2.Викторија Петушевска, 2-б ООУ,,Благој Кирков" 

3.Јамур Дестанова , 2-б , ООУ,,Благој Кирков" 

Категорија ученици , учесници (од петто до деветто одделение).

1. Димитар Арсов, IX a одделение, ООУ,, Благој Кирков", 

2. Кристина Кочова од IX одделение, од ООУ,,Васил Главинов" 

3.Игор Ѓеорѓиев од 5-б одделение од ООУ ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот" од Велес.

Категорија средношколци

1. Дино Јанакиев од 1-5 клас од Гимназијата ,,Кочо Рацин"во Велес, 

2. Матеуш Перткиевич од 2 клас , Техничар информатичар, од Збратименото училиште Станислав Сташица од  Новогард во  Полска.

3. Ристе Мулев од 2-7 клас во ССОУ,,Коле Неделковски", со самостојно учество, приложи фотографија, од  Велес. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »