речник контакт

Продолжува акцијата за собирање помош за поплавените во Србија и БиХ

Потребна е храна, вода и хигиенски средства. Се донира на пункт на плоштад Сармаале по 13 ч.

Петар Печков

 Младите волонтери од Фондацијата Фокус и подмладокот на ОО на Црвен Крст  ја продолжуваат акцијата за сопирање хуманитарна помош за настраданото население од поплавите во БиХ и Србија.

Пунктот од денес понеделник после 13 часот е  поставен на плоштад Сармаале. Ќе прима донации до 19 часот. Од организаторите потсетуваат дека е неопходна помош во храна, која е пакувана и со декларација, вода, хигиенски средства и средства за дезинфекција, како и тоалет хартија. 

Од Србија и од БиХ  најавиле дека во овој момент не е потребна облека. Од собраната помош овие два дена, количествата на вода и  хигиенски средства веќе утре ќе заминат за Србија и за БиХ со помош на превоз обезбеден од локалната самоуправа на Велес.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »