речник контакт

Проект за хумани вредности на учениците од Кавадарци, обезбедна машина за перење за семејство од социјален ризик

Тимот „Патот на надежта“, кои со голема посветеност и ентузијазам реализираа хуманитарен проект да помогнат таму каде што е најпотребно

Петар Печков

Хуманитарен проект на учениците од Кавадарци, со која за семејство во социјален ризик обезбедија машина за перење. Оваа активност е дел од програмата Проект за хумани вредности на Општинската организација на Кавадарци. Вклучени беа учениците од ОУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци, односно тимот „Патот на надежта“,  кои со голема посветеност и ентузијазам реализираа хуманитарен проект да помогнат таму каде што е најпотребно.

Како главна цел младинците е да  обезбедат нова машина за перење алишта на семејство од социјален ризик, воедно и производи за хигиена и пакети со храна. 

Посветеноста на групата „Патот на надежта“, заедно со поддршката од нивниот ментор и волонтерот-дисеминатор Ристе Трајков од ООЦК Кавадарци, резултираше со уште една успешна хуманитарна приказна исполнета со хуманост, надеж и заедништво.

Нивната активност претходно опфатила повеќе настани, за собирање на средства, акции кои наишле на прием од жителите на Кавадарци.

фото ФБ ОО Црвен крст Кавадарци

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »