речник контакт

Пролетно чистење на комуналците на Велес (фото)

Потокот е чистен два пати за десет дена оти жителите за тоа време повторно го наполниле со смет

Петар Печков

Изминатите десетина дена вработените во ЈКП Дервен,  велешките комуналци чистеа десетина јавни површини. Се чистеа бреговите на реката Вардар, по течението низ Велес, се исчисти паркот кај Железен мост,  се    чистеше каналот за атмосферски води кај Битолска пруга, поранешната летна тераса од киното, скверот кај Симпо, се изврши  косење и кроење на вегетацијата долж пристапниот пат и патеката кај езеро Младост.   Во овој период исчистен е и Потокот и игралиштето, и тоа два пати.

Поради големата загаденост од смет и отпадоци, акцијата на чистење на Потокто   траеше повеќе денови. Притоа, утврдено е и дека откако пред десет дена беше темелно исчистено игралиштето кај Потокот, за жал тоа повторно беше загадено со смет и отпадоци, поради што работниците од Сектор Комунална хигиена повторно  го чистеа  - велат од ЈКП Дервен. 

Од ЈКП Дервен и натаму апелираат на совеста на граѓаните, да не се фрла смет по јавните површини. Тие оваа седмица продолжуваат со чистење на други делови на градот. Досега биле собарни дваесетина трактори со смет. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »