речник контакт

Променети вентилите на браната на езерото Младост

По ова браната безбедна. Неизвесно кога ќе започне поврзувањето на езерото Младост со езеро Лисиче

Петар Печков

Испусните вентили кои служат за темелно  празнење на акумулацијата езеро  Младост се променети, откако тие 30 години не биле сервисирани, ниту променети.
Стручни лица  на ЈВП Лисиче констатирале дека опремата е во лоша состојба, и при одредени неповолни временски околности, можат да бидат опасност и по езерото и по градот. Преку Министерството за земјоделие обезбедени  се 3,1 милиони денари, со кои средства е извршена промената.

Пријдовме на  санирање на испусните вентили, вградени се два нови затворачи.  Со оваа  промена акумулацијата е  сигурен извор на вода за 250 хектари лозови насади и безбедно место за рекреација на бројните гости на овој туристички локалитет..  Се врши  сеизмички мониторинг, и сеизмичката стабилност е  добра, според стручните мерења. Редовно ја следиме и кога е на биолошки миниум и  кога е на максимално ниво. Стабилноста  на браната  во ниту еден момент не е доведена во прашање – изјави директорот на ЈВП Лисиче Бобан Пановски. 

Тие заедно со Министерството за земјоделие  ќе бараат средства преку програмата за рурален развој, да се поврзе  езерото Младост со езерото Лисиче.  Претходните две години ништо не се презеде од најавеното поврзување на езерото Лисиче и езерото Младост, со цел обезбедување на квалитетна вода која треба да го одржува езерото на потребниот минимум и  ги наводнува  околните земјоделски површини. При неодамнешната посета на Велес Министерот за земјоделие Димовски  го лоцираше проблемот, зошто овој проект паузира.

Изминатата година проектот беше ревидиран па должината по која тој треба да се простира е намалена за 2,5 км, за да стигне до езеро Младост. Има нова траса со цел максимално да се искористат потенцијалите и да се намали вредноста на работите. Така последните проценки се дека тој ќе чини 5 милиони евра. Се работи на нивно обезбедување, по што би започнале градежните работи и активностите да дојде вода од ХС Лисиче до езеро Младост  – рече министерот Димовски.   

Дилема кај велешани е  одамна најавената  трета фаза и кога таа  ќе се реализира. Со неа треба да се наводнуваат околните земјоделски површини  околу езерото Младост со што би се зголемиле приносите а ќе се реши  наводнувањето за 4,5 илјади хектари земја.

За реализација на овој проект потребни се цели 35 милиони евра.  Во овој период тоа се големи средства и таа фаза ќе ја реализираме кога ќе најдеме извор финансирање. Потребна е кредитна линија, друга алтернатива нема. Тоа ќе потрае неколку години. Прво е да се спои езерото па потоа во некој нареден период и да се реши наводнувањето на околните површини -   изјави министерот Димовски.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »