речник контакт

Промовирана,, Скачинци и скачинчани -постојана преселба,,

Монографијата од д-р Никола Стојанов е посветена на селото и неговите жители

Петар Печков

Денес напладне (петок), беше промовирана монографијата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ од д-р Никола Стојановски. Промоцијата се одржа во медиотеката,  во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Третата книга на Стојанов ја промовраше  Анита Василкова Мидовска. 

Поаѓајќи од идејата  да му даде душа на едно загубено време  и  заборавено место, авторот ја  почувствувал историјата на Скачинци и скачинчани. Книгата е  историско сведоштво за  повеќевековна традиција и историја, која преку овој труд останува забележена за иднината.  Оваа книга претставува вреден документ за постоењето и опстојувањето на едно село, село кое денес го има преку сликите на напуштените куќи, кои се споменици неми сведоци  кои говорат за времето кога во него и  од него, бликала животна енергија, преточен  во детски жагор, жуборот  на селската чешма, звукот на клопотарците од околните ридови.  Фамилијарните стебла се тестамент за генерациите кои денес опстојуваат а се наоѓат  секаде по земјината топка - рече промоторот д-р Василкова  Мидовска. 

Монографијата „Скачинци и скачинчани во постојана преселба“ на д-р Никола Стојановски  е посветена на селото и неговите жители. Токму таму е роден и авторот, кој книгата ја посветува на сите кои потекнуваат од Скачинци и поколенијата да знаат од каде се нивните корени.

Селото го добило името, поради честите  преселби на мештаните, скокале од една на друга позиција во околината на Клепа. Првата позиција била на стариот пат од Стоби кон Велес, каде се спојуваат Скачинска река и Свеќанска река. Бидејќи имало  многу војска, пљачкашки банди, кои додевале на населението, се помериле 3-4 км западно близу Дабје. Третото е сега каде се наоѓа.  Денес селото е празно. Пишувам за да го исполнам времето, да го активирам  мозокот, оти сум пензионер  - речд -др Стојанов.

Во пишувањето му помагале двајцата внуци  Стојан Стојанов и Владимир Стојановски. Авторот на пошироката македонска јавност и е познат како првито претседател на повеќе партиското собрание на Македонија од 1991-та година, како најстар пратеник член на парламентот, раководеше се од изборот на негов претседател.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »