речник контакт

Промовирана збирката поезија „Пребивалишта“ на Даница Ивановска Лепојевиќ

Ова е втора збирка поезија на Ивановска Лепојевиќ. Претходната, „Сјај и страв и песни“, објавена во 2016 година, ја доби наградата Антологија на болката на Рациновите средби

Петар Печков

Вчеравечер во ПАБ, беше промовирана збирката поезија „Пребивалишта“ на Даница Ивановска Лепојевиќ.  Ова е втора збирка поезија на Ивановска Лепојевиќ. Претходната, „Сјај и страв и песни“, објавена во 2016 година, ја доби наградата Антологија на болката на Рациновите средби.Стихозбирката ,,Пребивалишта е  во издание на Зига зага Букс, за книгата говореше  Игор Крајчев, а стихови читаа актерите Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев и самата авторка. 

За збирката #Пребивалишта, нејзините рецензентки велат:

Збирката Пребивалишта од поетесата Даница Ивановска Лепојевиќ претставува поетско четиво кое се доживува како мевлем на душа. Стилски и мотивско -тематски е различна од својата генерација современички и современици и остава печат во современата македонска книжевност - запиша  м-р Елена Пренџова

Даница Ивановска Лепојевиќ пишува непосредно, едноставно, филигрански прецизно, со сите трепети и мирнотии како што само тоа го можат ретките поети, оние што ѝ се дале на поезијата со целата своја душа и тело и оние на кои, таа, поезијата, најмногу им верува. Таа го почнува своето внимателно откривање на тајниот, интимен свет, преку метафорите што отвораат паралелно неколку светови, и овој конкретниот, физичкиот, и оној емотивниот, личниот, но и тој, вселенскиот што само ретките мирољубници го носат со себе - е ставот  на  д-р Ана Стојаноска.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »