речник контакт

Промовирана книгата првенец на Родна Јанчева

Романот „Детето со променет идентитет“ е пишуван според вистински настан

Петар Печков

Во Ликовниот салон  беше промовирана книгата навелешанката  Родна Јанчева, нејзино прво дело, именувана ,,Детето со променет идендитет,, Таа е пишувана според висински настан, од богатото искуство на авторката, која е вработена во Центарот за социјални работи во Велес, каде беше и на раководната позиција. 

Сакам да порачам дека  во  ваквите случаи, на децата од најрана возраст треба да им се каже дека се посвоени, да не се држат во заблуда. Тоа е потребно заради родителите и децата - вели Јанчева.   

Во романот „Детето со променет идентитет“ авторката преку судбината на главниот лик, девојката Македонка и нејзиното животно патешествие поради грешката и тајната на љубовта од младоста во студентските денови, успева да опфати еден подолг период на општественото живеење и настани во Македонија, од 1973 година до поново време.   Промоторот и рецензент  на  книгата  Соња Гаврилова  делото го нарече „Патот на мајчината тајна до срцето на своето изгубено дете“. 

Приказна од секојдневието, колку стара, толку и нова, актуелна, длабоко психолошка, емотивна и возбудлива, Родна Јанчева успева да ја прикаже, вешто користејќи го изворниот народен македонски говор. Прв роман, прво писателско искуство, кое тешко може да се идентификува како аматерско пред читателската публика, бидејќи таа создава јазички чист роман со приказна која може да се восприеми во еден здив, понесени од интересната содржина и драматичниот заплет и расплет на настаните - рече Гаврилова. 

Грешката на љубовта во младоста и тајната да го промени идентитетот на своето прво родено машко дете, е тежок товар, кој Македонка свесно го прифаќа и го носи дваесет години во своето срце, како отворена рана која постојано и тивко крвави и ја притиска нејзината совест и душа. Судбината, ја компензира внатрешната болка и скриена тага на Македонка, дарувајќи и брачен сопатник, кој ја сака и прифаќа со сознанието за нејзината тајна и „полувистина“, дека синот при породувањето починал.

Животот продолжува, семејството  на Македонка е благословено со две ќеркички, кои внесуваат ведрина и радост, но не успеваат целосно да ги затворат раните и желбата, макар еднаш, да го види синот: „Дали е добар, здрав, како изгледа“? А, синот Зоран, со променет идентитет и ново име, расте безгрижно и среќно, како посвоено дете на млад брачен пар со потекло од Србија и Хрватска, опкружен со многу љубов и внимание од родителите, кои ги чувствува како свои најмили.

 Делото беше промовирано од  Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,, од Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »