речник контакт

Промовирана книгата хаику поезија „Мигум“ на велешкиот автор Атанас Крлевски

Ова е негова 15 книга

Петар Печков

Промовирана е новата книга на велешкиот афористичар Атанас Крлевски „Мигум“ (момент). Таа е збирка на хаику поезија, втора негова пишувана како јапонска поема. Крлевски е автор кој е мошне активен на велешката литературна сцена. Ова е негова 15 книга, повеќето од нив се со афоризми.

„Разликата во однос на претходната книга е минимална, бидејќи  хаику поезијата е строго дефинирана по форма.  Најчесто е поврзана со природата и настаните во природа и забелешката на авторот, во моментот кога се случува настанот во природата.   И првата и оваа се скоро идентични“  - кажа авторот Крлевски.

Тој пишува во кратка форма и афоризмите и хаику се таков пример.   Промотор беше  професорката на Педагошка академија д-р  Елизабета Бандиловска.

„Творештвото на Атанас е секогаш интересно и привлечно, без оглед дали е афоризам, хаику. Секоја песна носи некоја порака, убаво спакувано во метафора, симболика, која секој може да си ја протолкува на свој начин. Песните ја брануваат душата, предизвикуваат убави чувства, носат некаква порака што е карактеристично во стиховите на Атанас “ - рече промоторката Бандиловска.  

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »