речник контакт

Промовирана книгата „Наставникот е носител на промените‘‘ од Божидар Јовиќ

По повод Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј во преполниот Ликовен салон беше промовирана книгата „Наставникот е носител на промените‘‘ од Божидар Јовиќ.

Петар Печков

Книгата ја промовираа професорите Красимира Илиевска и Методија Стојановски.

Според професорката од Филолошкиот факултет во Скопје, Илиевска, книгата на Јовиќ преставува резултат на неговата долгогодишна работа во просветата и е продолжување на неговата работа по првата книга „Современо училиште-избор или потреба‘‘ што ја објави во 2005 година.

Сите теми се актуелни, интересно поставени и во голем број случаи  проблематични или дури провокативни. Авторот се запира на прашања за тоа како треба да се однесува наставникот како да ја креира својата работа и да го осмислува целиот наставен процес, но и на дел од проблемите во современиот образовен процес. За кои по нивното дефинирање се разгледуваат можностите и се предлагаат начини и патишта за нивно решавање, рече Илиевска.

Со книгата, како што посочи, секој наставник добива практичен прирачник во својата работа во кој може да се најдат готови решенија за одредени ситуации и начин како да се решаваат конкретните проблеми.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »