речник контакт

Промовирана книгата ,,Грлици,, од Васил Тоциновски

Се одржаа и ,,Велешки поетски средби,, со учество на 20-тина поети од Македонија

Петар Печков

Во медиотеката од локалната библиотека во Велес се одржа промоција на новата книга на авторот Васил Тоциновски ,, Грлици,, .Тој за  оваа  книга  ја доби   наградата од  ,,Езерски бранувања,, именувана по прерано починатиот романсиер, раскажувач и поет ,,Крсте Чачански,,.  

Во збирката раскази ,,Грлици,, авторот   ја  применил идејата  на ,,Малиот   принц,,  како  четиво за големи, во македонски  услови.   Тој раскажува  со искуство на  стар  универзитетски   професор  приказни  на децата кои  се рамноправни  партнери за  дијалог  и  со  нив се   разговара за сите  суштински прашања. 

Децата растат и еден ден  ќе бидат големи, возрасни  луѓе а  нивните   спомените  кон детството можат само да навираат и се носат како најубав  цвет во себе а со помош  на  литературата  возрасните да се вратат на тој дел од животот.      Се  обидов да напишам книга, според моето  теоретско  убедување, дека литературата не  признава поделба според возраста на  читателите.  Не постои литература за возрасни и литература за  деца.  Постои литература која има естетски вредности и таа не познава старосни граници – изјави  авторот Тоциновски.

Книгата е издание на ,,Струшки   книжевни  средби,, од Струга и ,,Книжевната ревија,,  исто така од Струга.  Промотор на книгата збирката раскази ,,Грлици,,  беше Горјан Петрески. 

На пријатно изненадување на публиката, Тоциновски се претставува со збирка на  кратки раскази, проза. Во неа се поместени 35 кратки раскази, кои се многу читливи, доживеани и очекувам дека читателската публика топло ќе ги прифати – рече Петрески.  Во продолжение  од настанот се одржа поетско читање, на кое  учествува 20-тина автори од Куманово, Кавадарци, Кочани, Штип, Прилеп, Скопје, Гевгелија и Велес. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »