речник контакт

Промовирана книгата ,,Песна на ѕвездите,, од Нада Алексоска

Ова е нејзина четврта книга, втора стихозбирка

Петар Печков

Вчеравечер во медиотеката на библиотеката Гоце Делчев,  беше промовирана книгата стихозбирка ,,Песна на ѕвездите,, од Нада Алексоска. Содржи 39 песни  поделени во пет циклуси. Книгата ја промовираше публицистот Васил Тоциновски кој  појасни дека Алексоска како типичен роднокраен  поет бидејќи првите две нејзини песни се посветени на  на два симболи на Велес, на двајаца крупни велешани, на Миле Поп Јорданов и Кочо Рацин.

Во некои од песните авторката се потсетува на сопственото детство и младост, а заскитува и по велешките сокаци и маала покрај брегот на Вардар и се она што некогаш било живот. Во „Песна на ѕвездите“ топло, разбирливо,едноставно, јасно, Алексоска покажува дека поезијата е само чувство  . - рече   промоторот Тоциновски.

Поетесата Нада Алексоска, која е професор во пензија и досега има изддени четири книги,  во 1999 година ја има издадено монографијата „Смилан Гриовски-агентот на ЦИА“, во 2009 година збирката поезија „Кога душата говори“ и во 2013 година збирката раскази „Под сенката на брезата“.

Ова ми е втора книга поезија. песните не ги создавав за кратко време. како доаѓаа идеите, така ги запишував. Ова се песни создавани во период од 2-3 години - рече авторката Алексоска. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »