Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јуни 2026
Промовирана е монографијата „Кон творештвото на Васил Тоциновски“ од Васил Дрвошанов. Автор ја истакна причината за создавањето на оваа книга, тоа е одговорноста што ја има кон делото на проф. д-р Тоциновски.
„Задоволство е да се истражува делото на Тоциновски. Тој е велешки бренд во Македонија. Тоциновски е Европски автор а наш човек. Ние не почитуваме вредности. Неговото дело треба да се почитува дека е многу слоевито, со различен жанр, со различни теми. Неговиот интерес е за автори од втората половина на 19 век и првата половина на 20 век. Но се осврнува и на автори од подоцнежниот период. Тој е дводомен автор, бидејќи пишува за хрватски автори и на хрватски јазик. За македонската книжевност е ненадминат автор но и најпродуктивен во неговата област-книжевноста и културата“ – кажа авторот на монографијата Васил Дрвошанов.
Авторот низ 24 студии на 420 страници го прикажува релевантното во литературата за научната историја. За значењето и вредноста на делото говореше промоторот Мишо Китановски, осврнувајќи се на богатото творештво и трајниот белег што Васил Тоциновски го остава во македонската книжевност и култура.
„Мојата најголема љубов и предизвик се дводомните автори. Низ историската димензија, се поставува прашањето дали секој заслужува да има држава. Одговорот е само тој кој ја пролеал сопствената крв, заслужува држава. А Македонија пролеала многу крв за својата слобода и иднина“ – рече Тоциновски за неговиот предизвик во истражувањето на значајни македонски литературни творци.
Тој годинава одбележува 80 години живот.
| Tweet |






