Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2026
Промовирана е сликовницата „Приказна за ветрето“ од Лили Арсова. Тоа е нејзино десетто дело. Сликовницата која е илустрирана со цртежи кои како и приказната се дело на Арсова.
„Авторката на умешен и педагошки начин го претставува ветрето. Не само како природна појава, туку и како лик, кој влијае врз развојот на децата. Преку развој на фантазијата, имагинацијата, развој на љубовта кон читањето. Тоа е топла приказна, која ненаметливо на децата им кажува како се учи, како се расте, да ги почитуваме различностите. Тука и неговиот другар скакулецот. Наменета е за најмалите, кои се слушатели, до децата од рана училиштна возраст“ – кажа промоторката Ели Маказлиева.
„Целиот мој животот ги посветив на децата како просветен работник. Тие се нашата иднина, треба да вложуваме во нив. Најтешко е да пишуваш за децата, да им се доближиш, да се стекне нивната доверба. Сликовницата излезе за Саемот на книгата, неполн месец и за овој период наиде на добра одѕив. Делото го спремав една година“ – рече Арсова.
Промоцијата се одржа во медиотеката на велешка библиотека.
| Tweet |





