речник контакт

Промовирана стихозбирката „Метузалем‘‘ на Павлина Климкар- Меанџиева

Во оваа збирка, Павлина пишува за нашите биднини и небиднини од дамнина, па се до денес и ги искажува своите верувања, стравови, но пред се ја искажува својата љубов кон татковината

Петар Печков

Во градската библиотека „Гоце Делчев‘‘ во Велес  беше промовирана најновата стихозбирка „Метузалем‘‘ на поетесата Павлина Климкар- Меанџиева. Стихозбирката има три поглавја и 46 песни.

Авторката која долго опстојува на овие поетски простори и со оваа своја нова книга која е 22 по ред, ни го свртува вниманието што се врзува со наслов што буди сеќавање на нешто одамна познато, мудро, премудро. Метузалем е новиот наслов кој во речникот значи човек, прататко, прамајка, во овој случај татковина, прататковина, речепромоторот  професорката Светлана Ќулумова.

Таа додаде дека поетесата сака да се осврне на значењето на нештата со свое видување, со ново значење, кое носи и нови предизвици.

Во оваа збирка, Павлина пишува за нашите биднини и небиднини од дамнина, па се до денес и ги искажува своите верувања, стравови, но пред се ја искажува својата љубов кон татковината. Авторката настојува преку симболи и метафори да го искаже својот став за животот, особено за нашиот национален македонски простор. Притоа не се колеба да ги поставува најострите и најболни прашања на своето време, потенцира Ќулумова.

Ова дело, за Климкар- Меанџиева,  е највредно заради мотивот и заради зрелоста.

Метузалемот е нешто старо, прастаро, што го поистоветив со мојот род, кој низ векови опстојувал, исто како што опстоила и мојата татковина, рече Климкар- Меанџиева.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »