речник контакт

Промовирана стихозбирката „Преливот на изблиците“ од Светлана Босилкова Далевска

Ова е четврта книга на Босилкова Далевска

Петар Печков

Светлана Босилкова Далевска, велешанка која живее во Германија, во родниот град ја промовираше нејзината четврта книга „Преливот на изблиците“ . Тоа е нејзина трета книга со поезија, во последните пет години.

Промоцијата беше на невообичаен начин, кога промоторската Светлана Ќулумова и авторката Светлана Босилкова, низ разговор, дијалог ги допреа темите за создавањето на книгата.

„Авторката пишуваа на различни теми, создава песни со различна тематика. Најмногу има патриотско,  метафоричното, рефлексна поезија. Пораките се да се чува јазикот, да се негува мајчиниот јазик. Таа иако е далеку од татковината, твори на мајчин јазик“ - кажа Ќулумова.

Босилкова како вработена во поранешен Киро Ќучук го уредувала тамошниот весник, соработувала со локалното радио Титов Велес. Така што имала допирни токи со творењето.  На поетската сцена во Македонија се јавува од 2019 година, со нејзини поеми.

„Поезијата ми доаѓа како креација во сон, како љубовник, кој не ти два мир. Во книгата има 60 песни, во суштина рефлексивна поезија, со љубовни елементи, со патриотски со родољубиви чувства. Песните  откако ќе ги напишам, ги објавувам на ФБ и таму ги чекам реакциите на блиските, познаниците“ - вели Босилкова.  

Книгата „Преливот на изблиците“ е финансиски помогната од Агенцијата за иселеништво.  Книгата беше промовирана и во Скопје, во Клубот на пратеници.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »