речник контакт

Промовирана планинска патека од Папрадиште до Солунска глава ( фото)

Долга е пет часа одење преку Јакупица и Даутица. Низ фотографија неповторливата есенска слика на овој дел од Македонија

Петар Печков

 Изминатиот викенд беше промовирана ново трасираната планинарска патека од селото Папрадиште до Солунска глава преку Куртовица и Голема Бабина дупка.  Таа е трасирана по планините Јакупица и Даутица, со што на посетителите им се дава можност да го видат недопрениот  предел  на овој централен дел од Македонија.  

Нејзината должина е пет часа одење, бидејќи така се мерат овие планинарски патеки, не во километри.  Таа е заеднички проект на ПК Македон од Скопје и ЕГ Зелена сила од Велес.

На нејзината промоција присуствуваа 25 лица меѓу нив и филмскиот режисер Антонио Митриќески, кој  беше дел од печашењето од домот во Папрадиште до Голема Бабуна дупка.Во ова друштво беа и велешанката Марија Хаџи Ристова која го освои летово Мон Блан и Тоше Ѓоргиев кој го освои Дамаванд во Иран

Досега имаше една планинарска патека, од Папрадиште до Солунска глава преку Чеплес, додека новата дава можност за откривање на друг дел од овој прекрасен  планински предел.

АНКЕТА »

Дали стравувате од корона вирусот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »