речник контакт

Промовирана ,,Модерното семејство и Бог,, од протојереј ставрофор Горан Панзов

Авторот книгата ја препорачува како прирачник за родителите и децата, за нивното однесување во семејството и општеството

Петар Печков

Во полната сала на  Ликовниот салон, вчеравечер беше промовирана книгата,,Модерното семејство и Бог,, од протојереј ставрофор м-р Горан Панзов.  Оваа книга  е можност да се зборува за актуелен проблем,  за кој мислиме дека е толку секојдневен  и го знаеме, но секогаш има дека уште нешто може да  се слушне, порача промоторка за делото на  Панзов.

Книгата на Панзов е современ  обид да се актуализира модерното семејство, поврзано од аспект  на теологијата. Моето мислење е дека секогаш има доволно простор  и место за анализа ан овој  проблем, бидејќи како родители мислиме дека знаеме многу а кога ќе се соочиме  со тоа што се случува во семејството,тогаш го поставуваме прашањето  ,,Каде погрешив,, ,,Можев ли да направам повеќе,,. Затоа е добредојдена ваква нова содржина, за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе, книгата нуди добри совети, убави гесла  и мота кои треба да ги користи секој родител. Најсериозниот испит го положуваме дури тогаш кога ќе успееме да создадеме емоционално    зрели личност, тоа се децата во семејството – рече промоторот д-р Кети Арсовска Несторова.     

Книгата е печатена во Унистар и е издадена во 300  примероци. Може да се набави во сите маркети на ,,Жито,, во земјава и во книжарниците во Велес.  

Како свештеник, како теолог и како  магистер по психолошки науки, почувствував потреба да проговарам за семејството. Посебно за нашето модерното кое е распнато помеѓу работата, обврските,  а секогаш најмалку време посветува на својата духовност и семејството. Затоа е овој прирачник за  родителите, кои  преку  оваа книга ќе можат да ги одговорат сите прашања и дилеми , како најдобро да го воспитаме  нашето дете, адолесценти. Има одговор и како децата да се однесуваат во семејството, општеството, училиште   - рече авторот Панзов.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »