речник контакт

Промовирани собрани дела од Бранко Цветковски

Шест тома во една едиција

Петар Печков

Дел од творештвото на Бранко Цветковски но и што другите пишувале за него е сместено во собраните дела, кои  во шест тома се промовираа во Велес.  Овие шест книги се пресек од  неговото  четири децениско пишување, од неговата работа., поетско и критичарско творештво .

Во првите два тома е пресекот на поетското творештво, во третиот  е критиката и есеистиката   за македонската и светската литература, во  четвртата се погледи од 38 македонски автори посветени за мојата  работа и дело а во последните два тома се  мои  15 книги  издадени на исто толку светски јазици  - рече авторот Цветковски.  Собраното творештво  го промовираа претседателот на ДПМ Веле Смилевски и Санде Стојчевски. 

Бранко Цветковски е еден до најзначајните автори во поновите текови на современата македонска поезија. Неговото творештво обележа еден магистрален тек во македонската литература. Важно е што ваква промоција се случи  надвор од Скопје, со што се оживува литературниот  живот и во внатрешноста - рече Смилевски.   Промоцијата  на собраните дела на  Цветковски  беше во библиотеката Гоце Делчев   а во рамките  на манифестацијата ,,;Велес град на културата,,. 

 Треба да се присуствува на промоцијата на делата  на Цветковски надвор од земјава,за да се види каков третман и углед има тој надвор од нашите граници.  Особено неговата поезија е преведена на голем број светски јазици и таа наидува на прекрасен прием, а неговите песни  добиваат високи меѓународни награди. Тој е поет но и голем љубопитник и толкувач на литературното писмо. Тоа го прави да биде волуминозен и возбудлив автор - рече Санде Стојчевски.

АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »