Петар Печков
Објавено: вторник, 08 мај 2018
Во велешки театар, на мала сцена, вчера попладне беше промовирано 19-то издание на списанието ,,Велес,,. Во него се отпечатени 26 текста, поврзани за Велес, неговото минато, традиција, но и осврти за книжевните дела посветени за и од Велес. Списанието го промовираше проф. д-р. Васил Тоциновски.
Книжевните списанија се барометар на животот во една национална литература, која не може да опстојува без нив. Тие го покажуваат нивното катадневие, ги одредуваат правците на идниот развој и ги премеруваат естетсктите вредности. Освен во Скопје, уште само Велес и Битола имаат свои списанија.Списанието донесува теми, појави, автори, процеси, дела кои ги допираат Велес а се автори до различни страни. Во четирите блока има различни текстови, од културата уметноста, историјата - изјави промоторот Тоциновски. Издавач на списанието е Клубот на писатели од Велес ,,Кочо Рацин,,.
Tweet |