речник контакт

Промовиран романот „Клучниот код на молкот“ на Емилија Златкова Анастасова

Романот припаѓа на современата македонска крими/трилер литература и низ приказната ја отвора темата за исчезнатите деца и семејните драми

Петар Печков

Промовиран е романот на Емилија Златкова Анастасова  „Клучниот код на молкот“. Тоа е 12 книга на авторката, издание на издавачката куќа „Збор“.  Финансиски е поддржано од годинашната програма на Министерството за култура. Ова е петти роман од серијалот за детективката Силвија Силјановска, но исто како и претходните може да се чита како посебна приказна.

„Дететкивката истражува случај на киднапирани деца. Така почнува и оваа книга, со исчезнување на девојче, за потоа девојчето да се пронајде а мајката да исчезне. Тоа е разликата во однос  на претходните книги. Зборува из а моќта на технологијата, до каде таа стигна, колку е тоа добро за човекот или лошо. Отворан прашања  а не давам одговори, поттикнувам на размислување“ – рече авторката Златкова Анастасова.

Таа романот го посвети на нејзината ќерка.
Промоторката Десанка Николова истакна дека романот припаѓа на современата македонска крими/трилер литература и низ приказната ја отвора темата за исчезнатите деца и  семејните драми. 

„Некои романи имаат само приказна, а  некои романи отвораат и прашање. „Клучниот код на молкот“ припаѓа токму на таа втора, поретка категорија.  Ова дело е интелектуален и етички предизвик, внимателно обликуван низ повеќе слоеви на значење. Неговата вредност се продлабочува во начинот на кој ја организира човечката дилема во време на технолошка експанзија. Романот  претставува современо прозно дело кое може да се класифицира како технолошки трилер со апокалиптични, религиозни и психолошки елементи. Во неговата жанровска структура се преплетуваат неколку книжевни слоеви, што му дава богатство и комплексност“ – кажа промоторката Десанка Николова.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »