речник контакт

Промовиран ,,Нож и пердув,, на Димитри Соле Љубин

Во саботата вечер во Ликовниот салон во Велес беше промовиран романот ,,Нож и пердув ,, на Димитри Соле Љубин во издание на издавачката куќа ,,Антолог,,. Настанот остана запаметен по преполниот салон

Петар Печков

 Ова е прв роман на авторот а во 2004-та ја објавува збирката поезија ,,Соларни симболи,,. Во преполниот простор, што е реткост за вакви настани, неговите пријатели и почитувачи можеа да проследат убави и одбрани зборови кои промоторите ги кажаа за авторот.

   Јас на прсти влегов, на прсти излегов од тој свет на книгата. Но нешто топло, чисто, мило остана од него во мене. Нешто нежно, што можеби сите сме го имале со дваесет и некоја. Пред да се расипеме. Ова е книга за пријателството и носталгијата. Книга за луѓето што не ги збира на едно место – рече Лилјана Узуновиќ професор на Филолошкиот факултет во Скопје.

Во ова дело авторот ги спојува прозата и поезијата што дава специфична нишка на приказната и раскажувањето симболиката на ножот и пердувот, како два лајт мотиви кои се сретнуваат во романот што е особено интересна. Леснотијата на овој роман е што секој може да го чита и има голем распон на публика на која се обраќа - изјави Мирјана Недева магистер по филолошки науки.  

Љубовта во овој роман вреска од секоја негова страница, изразена онака искрено, гола без маски и опачини, без стравови и усилувања, во сите форми. Родителска, братска, страсна, блудна. Овој роман користи симболи кои се симетрично, грижливо и чувствително вметнати, колку да разубави, растрепери, но и  да ја разбистри сликата која авторот ни ја испраќа – вели Весна Апасиева професор по македонски јазик и литература.

Инспирацијата ја пронаоѓав во сите мои досегашни искуства во сето тоа што сум го слушнал, доживеал или прераскажал. Ова е не е роман кој може да се квалификува во било каков жанр. Тоа е една приказна, која кај нас досега и не била објавена. Приказната во време на пишувањето се трудев  прво мене да ми се допадне, да се чита во еден здив. Нуди многу љубов, страдање, болка. Ликовите не живеат во едно време, тие се во идно време се враќаат во сегашно па заминуваат во минатото. Исто е и со локациите од Истанбул, преку Струга Охрид – вели авторот  Димитри Соле Љубин.

На промоцијата во музичка придружба настапи на пијано Антоние Аранѓеловиќ.

 

 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »