речник контакт

Промотивна најава за есенската акција Денот на дрвото 2014

Во Папрадиште засадуваа чемпреси Министерот за одбрана и воените аташеа

Петар Печков

,,Стоп за катастрофите,, е мотото на годинашнава  акција ,,Ден на дрвото,,. Нејзината промоција беше викендов во велешкото село Папрадиште, каде министерот за одбрана Зоран Јолевски , заедно со воените аташеа на десетина земји, невладините организации од Велес се засадија 100-тина садници на чемпреси.  

Оваа акција  „Стоп за катастрофите“,   значи дека сите подадении раце на граѓаните на Република Македонија ќе си ја засадат својата иднина но и досега  со  засадените 50 милиони садници  ние сме се заштитувале успешно од катастрофи рече Христина Николова, организатор  од ,,Денот на дрвото,,.

Присутните на парцела над селото Папрадиште засадија 100-тина садници на чемпреси. На промотивниот ден  учествуваа и велешките извидници, подмладокот на  општинскиот Црвен крст, членови на еколошката група ,,Зелена сила,,.  Акцијата се одржува по 14 пат а дополнително ќе биде соопштен денот кога таа ќе се реализира на територијата на целата држава. Најавено е дека на повеќе од 1.000 хектари површина, тогаш  ќе  се засадат 4,5 милиони нови садници.

 Министерот Јолевски упати апел до  граѓаните  масовно да се вклучат во акцијата, да излезат и да засадат садници со што ќе дадат личен придонес во спречувањето на катастрофите, кои ја уништуваат природата

Ова е една многу благородна акција каде ја засадуваме иднината и се грижиме нашата татковина да биде убава и да се заштитиме исто така од климата. Шумите се многу значајни за иднината на Македонија изјави  министерот  Јолевски. Заедно со припадниците на АРМ на акцијата учествуваа и воените аташеа   на НАТО, од САД, Русија, Кина, Хрватска, Турција, Велика Британија, Грција, Франција, Италија, Бугарија, Украина, Словенија. Потоа сите заедно во Планинарскиот дом ,,Зелена сила,, во Папрадиште добија  ручек, војнички грав. 

        

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »